Актерот Вин Дизел обвинет за сексуален напад

Сподели со своите пријатели

Вин Дизел е обвинет за сексуален напад. Во тужбата поднесена во Лос Анџелес во четвртокот, Аста Џонсон тврди дека актерот сексуално ја нападнал во есента 2010 година за време на снимањето на Fast & Furious 5 во Атланта.

Loading...

Актерот негира дека имало злоставување, а се` објави неговиот адвокат Бајан Фредман.

Тој рече дека Вин Дизел целосно ги негира тврдењата.

„Ова е првпат да слуша за тоа тврдење, старо повеќе од 13 години, од наводен вработен на девет дена“, изјави адвокатот за Variety.

Неговиот адвокат исто така изјави дека „постојат јасни докази кои целосно ги побиваат чудните тврдења на тужителот“.

Џонасон вели дека продуцентската куќа One Race Films ја вработила како асистент додека тој снимал во Џорџија.

Според документите до кои дојде изданието, Џонасон тврди дека била во станот на Дизел во Св. Реџис во Атланта додека „се забавувал со повеќе жени“.

Кога жените си заминале, според тужбата, Дизел ја фатил Џонсон за рака и ја повлекол на креветот.

Loading...

Во тужбата се наведува дека таа побарала од него да си замине, но тој наводно почнал да ги допира нејзините гради и остатокот од нејзиното тело.

Таа наведува дека се плашела „насилно да го одбие“ поради нејзината безбедност и работното место.

Во тужбата се наведува и дека Дизел мастурбирал додека „преплашената г-ѓа Џонсон ги затворала очите, обидувајќи се да се дистанцира од сексуалниот напад и да избегне згрозување“.

Џонасон тврди дека по неколку часа ѝ се јавила сестрата на Дизел и претседателката на компанијата One Race, Саманта Винсент и ја отпуштиле по неполни две недели на работа.