Аксиос: За Хантер Бајден се расправа само низ социјалните мрежи

Сподели со своите пријатели

Традиционалните медиуми не ја покриваат оваа тема, но приказната за обвиненијата на претседателот Доналд Трамп против Хантер, синот на неговиот опонент на изборите, Џо Бајден, остана доминантна на онлајн форумите. Втора по големина онлајн тема, исфрлена од републиканците, се коментарите на екс-потпретседателот Бајден за црпењето нафта од шкрлици. 

Loading...

Порталот Аксиос, повикувајќи се на податоци од фирмата „Њузвип“, соопшти денеска дека бизнис активностите на синот на Бајден и наводите против него од неговиот поранешен бизнис соработник, Тони Бобулински, привлекле двојно повеќе онлајн внимание (лајкови, коментари, споделувања), отколку пред последната претседателска дебата. 

Аксиос соопштува дека иако сагата за Хантер Бајден сеуште „жари и пали“ низ конзервативните медиуми, таа се „издува“ на пошироката сцена. 

Се дознава дека Трамп и неговиот тим се надевале на новинарско истражување за ова од главниот републикански весник, њујоршки Волстрит журнал, и Трамп ова дури и го најави. Но откако пред дебатата весникот објави за ова, фактите го девалвираа случајот на републиканците – расположливите податоци не укажале дека Џо Бајден извршил незаконски дејства. Советници на Трамп дури и се налутиле на весникот поради неповолното известување. 

Порталот заклучува дека дебатата околу Хантер Бајден беше последната голема шанса на Трамп да убеди голем дел од гласачите да размислат за кого ќе гласаат на изборите на 3 ноември. 

Во врска со црпењето нафта од шкрилци (фракинг), републиканските медиуми и советниците на Трамп се фатија на оваа тема откако Бајден не дебатата рече „никогаш не сум бил против фракинг’, иако има посочено на спротивното во две демократски дебати, едната лани другата годинава. 

Трамп се надева дека државите каде се изведува фракинг како Пенсилванија, Тексас, Оклахома и Охајо, ќе гласаат за него, кој на своите митизни во овие држави не пропушта да истакне како ја оживеал нафтената индустрија на САД, наместо за Бајден, кој во два наврати рече дека ќе го укине овој технолошки процес.

Активистите за заштита на природната средина и поборниците за обновливи извори на енергија, мошне силна група во Демократската партија, го сметаат фракигнот за еколошки штетен процес. 

Loading...

Борис Камчев, САД

Leave a Reply