Млад комчира започнал необичен бизнис, така што, наместо другите, ги соопштува лошите вести на луѓето.
Градежниот работник и комичар Џонатан Чок (29) решил да ја искористи својата смисла за хумор, па така си ја презел улогата на „лошо момче“, луѓето го изнајуваат на другите да им соопшти непријатни вистини.
Без оглед дали некого сакате да отпуштите, да раскинете со момче или девојка или едноставно сакате некому да му порачате дека е време за диета, Џонатан ќе го направи непријатниот разговор наместо вас. Своите усуги не ги наплаќа, но со задоволство ќе прими донација за извршената работа.
Има и страница на социјалните мрежи „Џонатан соопштува лоши вести“, која има десетина илјади лајкови за недела дена.
Иако претежно се шеги кои пријателите им ги прават едни на други комичарот вели дека добил и некои многу сериозни задачи.
– Ме изнајми човек да соопштам на неговата поранешна жена дека повеќе нема да плаќа алиментација. Кога и го ажав тоа, таа ми порача да му соопштам дека детето воопшто и не е негово, раскажал младиот комичар.
Како што рекол, во една можност момче го повикало да му пренесе на очувот дека не го сака, што за малку ќе завршено трагично.
Џонатан истакнал дека поголемиот дел од повиците се урнебесни, поради што ужива на луѓето да им приреди добра шега.