Ако мразот на Антарктикот продолжи да се топи, во Европа сериозно ќе залади

Сподели со своите пријатели

Новата научна студија покажа екстремно негативни ефекти од топењето на мразот на Антарктикот, меѓу кои е и потенцијалното ладење кое би ја погодило Европа.

Loading...

Според оваа студија на тим експерти од Австралија, топењето на мразот на Антарктикот ги забавува струите во длабоките води, кои носат витални работи како кислород, топлина и хранливи материи.

Овие промени влијаат и на количината на јаглерод диоксид што Антарктичкиот океан може да го апсорбира. Овие промени би можеле да предизвикаат катастрофа на нашата планета.

Во студијата се споменува и како струите течат меѓу светските океани. Водата со повеќе сол природно има тенденција да води со помалку сол. Како што се топи повеќе мраз на Антарктикот, водата престанува да биде толку солена и го забавува нејзиното движење.

Еден од потенцијалните ефекти е ладењето, а тоа особено се однесува на Европа.

Авторите на оваа студија велат дека океанските струи ќе бидат послаби за 40 отсто во следните 30 години, доколку емисиите на јаглерод диоксид продолжат со ова темпо, пишува Би-Би-Си.