Ако го оставите телефонот на влезот во овој бар ќе добиете попуст

Сподели со своите пријатели

„Дебел вепар“ паб во Рекшем, започнал акција за потикнување на муштериите да се дружат и зборуваат. Ако го остават мобилниот телефон на влезот, добиваат попуст до 25 отсто на се што ќе јадат во пабот.

Акцијата се организира во понеделник и многу бргу станала популарна. И тоа не само локално туку и многу муштерии на социјалните мрежи го пофалиле пабот, а луѓето ширум светот им се приклучиле во позитивната оценка.

 

Loading...

 

Менаџерот на „Дебел вепар“, Риш Воткин, рекол дека и самиот е многу зависен од мобилните телефони и дека голем дел од времето го минува гледајќи во екранот, најмногу поради работата.

 

 

– Сепак помислив дека би било убаво да ги мотивираме муштериите максимално да ја искористат посетата на пабот и да се држат со луѓети и да избегаат од информации кои ги мобардираат од мобилните уреди. Ние се трудиме да направиме добра атмосфера со пиење, храна и жива музика, а тогаш е подобро муштериите едноставно да се препуштат на уживањето, рекол Воткин.


Leave a Reply