Во рамките на ОА „Гора“, СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А. (53) од с.Режановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, додека С.С. (40), С.С.(61), двајцата од с.Долно Којнаре, кумановско и Љ.С. (33) од с.М’глинце, поднесена им е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.
Имено во текот на 2012 и 2013 година, И.А. самостоен референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за кастастар на недвижности Куманово, оформил предмети за наводно исправка на техничка грешка по службена должност за 13 парцели со површина од 275.857 метри квадратни од катастарската општина М`глинце кои биле во сопственост на Р.Македонија, како и 15 парцели од истата општина со површина од 117.881 метри квадратни со неутврдена права на сопственост.
По ова, изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел невистинити податоци за сопственост, ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата и за паричен надомест од 1.200 евра ги префрлил во имотните листови каде крајни сопственици се второ, трето и четврто пријавените, како и лицата М.А. и С.С.
По ова пријавените С.С, С.С. и Љ.С имотните листови ги искористиле како вистинити пред лиценцирани лица за вршење на стручни работи од областа на шумарството во приватни шуми по што добиле одобрение за сеча на огревно дрво и од седум катастарски парцели исекле 1.061,5 метри кубни огревно дрво, со што го оштетиле Буџетот на Р Македонија за износ од 7.906.500 денари.
Фото: Телеграф.мк