Ахмети јавно призна како преговарал со вооружената група (видео)

Сподели со своите пријатели

Во последното издание на емисијата ”Патот кон… ” со Мухамед Зекири, гост беше претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој зборуваше за случувањата во Куманово.

Loading...

Тоа што остави впечаток е делот во кој Ахмети зборува за неговите поранешни контакти со вооружената група во Куманово и признанието дека тој дента комуницирал со нив и ги убедил да се предадат заради сечије добро.

Според Ахмети, нему му се јавило некое лице од вооружената група, кое предложило да се направи коридор за да може групата да излезе од населбата во Куманово. Лидерот на ДУИ рекол дека не може да отвори пат за да избега групата, но тој посредувал за предавање, при што 26 членови на групата се предадоа.

Ахмети изјави дека за неговата акција за предавање на групата ги известил амбасадата на САД и ОБСЕ, а разговарал и со премиерот Никола Груевски, кој бил сомничав дека е можно терористите да се предадат.

– Јас морав да го направам тоа што морав, направив да се предадат, зашто немаше да биде добро за никого, рече лидерот на ДУИ.

https://www.youtube.com/watch?t=66&v=Nm_RQNGETKM

Leave a Reply