Во Занаетчискиот дом во Куманово, во петок, беше отворена изложбата на уметнички слики на учениците од СОУ „Перо Наков“ од Куманово.
– Изложбата беше насловена како „Животот во сите бои“. На изложбата беа претставени уметнички слики и дела на учениците од училиштето . Изложбата беше од продажен и хуманитарен карактер, а собраните средства се донирани во невладина организација за деца со посебни потреби „Порака наша“, велат организаторите.
Учесници во оваа излозба се: Теа Аритонова, Јасмина Демир, Милица Димитријевиќ, Анастасија Душановска, Мила Зарковска, Марио Здравковски, Јована Златановска, Мартин Ивановски, Јована Јанковска, Андреј Јовановски, Антонио Јовановски, Илина Кајчевска, Елеонора Кипријановска, Анастасија Крстевска, Викторија Лазаревска, Сара Ристовска, Антонела Стојковиќ, Симона Трајановиќ, Давид Џољевски, Антон Тодоровски и Дејвид Драгевски.