Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од западен до југозападен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како што додаваат од таму, утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, со услови за краткотраен дожд на северозапад.
Од четврток попладне до петок до крајот на денот ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.

