Барањата за ин – витро може да се поднесуваат и електронски

Сподели со своите пријатели

Од 20 април, осигурените лица ќе можат да поднесат елекронско барање за Биомедицинско потпомогнато оплодување – ин витро, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефановски.

Loading...

– Од понеделник матичните гинеколози ќе можат да се логираат на порталот на Фондот и преку специјално дизајнирана алатка електронски да го пополнат и достават барањето за остварување на ова право за нивните осигуреници, истакна Стефановски.

Нагласи дека новина е што на овој начин матичните гинеколози и осигурениците ќе имаат увид во статусот на нивниот предмет во секое време.

– Матичниот гинеколог и осигуреникот ќе можат да имаат увид во статусот на обработката на барањето за ин витро, односно дали е примено во системот, статус на предметот, какво е решението на барањето и кога е денесено решението, појасни Сртефановски, и додаде дека останува обврската на осигуреното лице, медицинската документација да ја достави во оргинал во подрачната служба на Фондот.

Според директорот Стефановски со овој проект се крати дел од бирократските процедури, се забрзува процесот на одлучување и се елиминира просторот за грешки, а воедно, како што рече, ќе нема можност за административна неажурност во подрачните служби

Вториот директор на ФЗОМ Орхан Рамадани информира дека во 2014 година комисијата за БПО за прво дете има одлучено позитивно за 1.060 барања, а за 14 негативно.

– ФЗО во 2014 година воведе новина односно овозможи ин витро за второ дете. Во 2014 Комисијата за БПО има одлучено позитивно за 145 барања, а 2 се негативни, истакна Рамадани и додаде дека за истата година реализирани се 71 милиони денари за БПО за прво и второ дете за вкупно 1.054 случаи.

По добиеното позитивно барање од Фондот осигуреното лице има право само да одбере во која здравствена установа со која Фондот има склучено договор за ин витро ќе ја искорисати здравствената услуга.

Leave a Reply