Седењето убива повеќе луѓе од пушењето и ракот на белите дробови

Сподели со своите пријатели

Лекарите се загрижени поради истражувањата според кои годишно повеќе луѓе умираат од седечкиот начин на живот, отколку од рак на белите дробови. Податоци од едно такво истражување покажале дека седењето било причина за 70.000 смртни случаи во 2016 година во Велика Британија, што на земјата и донело финансиски годишен трошок од 700 милиони фунти.

Loading...

Најчесто пушењето и алкохолот беа наведувани како главни лоши навики пораид кои луѓето прерано умираат, а сега лошите прехрабнени навики и седечкиот начин на живот се скоро еднакво опасни.

Најновите податоци на Универзитетот Белфаст и Улстер, покажуваат дека третина од луѓето викендите ги минуваат претежно на каучот отколку седејќи зад работната маса на работното место. Освен што може да биде лошо за грбот, може да биде причина за разни болести, дури и прерана смрт.

Експертите предупредуваат дека долготрајното седење допринесува и за дебелењето, што само по себе „носи“ болести, но и делува на хормоните, метаболизмот и функцијата на мозокот.

Може дури и да биде причина за воспалителни процеси во телото, како закани врз кардиоваскуларното здравје, потикнување на дијабетес тип 2, одредени видови рак и прерана смрт, а влијае и на памтењето и може да го зголеми ризикот од деменција.

Leave a Reply