Компирот се подготвува на разни начини, но овој веројатно го немате се уште пробано, а делува вкусно.
Состојки:
Четири поголеми компири
Еден кромид
Сол и бибер по укус
Три лажици путер
Три лажици брашно
Половина лажица сол
Две шолји млеко
Шолја и половина рендано сирење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и подмачкајте ја тавата. Во меѓувреме, компирот исечете го на кругови и половина наредете по тавата. Одозгора додадете го изечканиот кромид, па втората половина од компирите. Посолете и додајте малку бибер по вкус.
Во тава со средна големите растопете путер на огин со средна јачина. Сипете брашно и сол и констатно мешајте една минута. Додадете млеко и мешајте додека сместа на се соедини, а потоа додадете сирење и мешајте од 30 до 60 секунди. Оваа смеса додадете ја врз компирите и затворете ја тавата со алуминиумска фолија.
Во загреана рерна печете околу час и половина.