Можеби звучи нереално, но овие корисни навики можат да ви помогнат да изгубите нат елесната тежина, додека патувате во земјата на соништата.
Спијте голи
Истражувањата потврдиле дека спиењето без облека го троши вишокот енергија во вашето тело, забрзувајќи го метаболизмот.
Доколку ви е студено, телото започнува да троши масти, создавајќи енергија потребна за да се затоплите. Студенилото не свучи примамливо, но помага во трошењето калории.
Јадете пред спиење
Звучни апсолутно спротивно на она што досега сме го знаеле за правилната исхрана. Сепак, др. Мишел Бројд смета дека апсолутното избегнување на храната може негативно да влијае на постапката за ослабнување.
– Доколку заминете во кревет со празен стомак ќе имате проблеми со несоница. Исто така, доколку легнете гладни, поголеми се шансите за време на појадокот, следниот ден, да се прејадете толку што нема да бидете во состојба да се поместите. Поради тоа дотогашните напори да ги загубите килограмите паѓаат во вода. Грчкиот јогурт, житариците, путер од кикирики на двопек, тоа се намирници кои можете да ги консумирате пред спиење, во умерена количина, заклучува бројд.
Спијте во затемнети простории
Истражувањето спроведено на Оксфорд покажало дека лицата кои спијат во затемнети простории за 20 отсто го намалуваат ризикот од гојазноста. Светлината го попречува генерирањето на мелатонинот кој го намалува квалитето на сонот.
Кога сме уморни, немаме целосна контрола во количеството на храна кое го внесуваме, па лесно се прејадуваме.
Сонот исто така ја намалува количината на грелин и лептин, а тоа се супстанци кои се одговорни за контрола на апетитот. Грелинот го стимулира гладот, а лептинот го контролира чувството на ситост.