Поради спуштање на постуден воздух од север утре ќе се задржи облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.
Во Куманово и околината утре ќе имаме за шест степени пониска темепратура од денешната и врнежите од дожд се очекува да преминат во снег. Утринската температура ќе биде два степени под нулата, а во текот на денот максимумот ќе достигне 5 степени.
Во четврток ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.