Стотици милиони љубители на пивото ширум планетата би можеле да останат без пристап до својот омилен пијалак за само неколку децении, бидејќи насадите од растенијата од кои се прави исчезнуваат поради глобалното затоплување.
По минатонеделниот извештај на Обединетите нации, дополнителните истражувања покажале дека постојат потенцијални проблеми врзани за климатските услови во неколку земји клучни за производството на пиво – Белгија, Чешка и Ирска, наведува списанието „Најчер планет“.
Во новата студија која ја предводел Ви Кси, земјоделски научник од Универзитетот во Пекинг, се наведуваат најмалку пет модели кои покажуваат како екстремните временски услови, кои вклучуваат топлотни бранови и суши, би можеле да го намалот приносот на јачмен за три до 17 отсто, а тоа неизбежно би влијаело на љубителите на пивото ширум светот.
НЕ КОРИСТАТ ЛИМЕНКИ И ШИШИЊА: Тука пивото се продава во кеса (ФОТО)
Истражувачите пресметале дека потрошувачката на пиво би можела да опадне за третина во Ирска, Белгија и Чешка, за четвртина во Велика Британија и за девет отсто во Кина, најголемиот светски потрошувач.
Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалак во светот, а намалувањето на производството неизбежно би влијаело на цената. Растот на цените би можел да варира за четири до 20 долари по пакување од шест лименки. Потрошувачите во Полска би биле најмногу погодени, наведуваат истражувачите, нагласувајќи дека трошоците, во најлошо сценарио, би можеле да пораснат и до пет пати.
– Веќе неколку милениуми, а за многу луѓе и денес, пивото било важна компонента на социјалните собири и прослави. Иако може да се тврди дека консумирањето во помали количини не е штетно за здравјето, дури и да е здраво, нема сомнежи дека милиони луѓе ширум светот под влијание на климатските промени врз производството можат да претрпат болка, се наведува во извештајот на тимот.
Начинот на кој го сипувате пивото може да биде причината за надуен стомак