Предметот за наводниот обид за поткуп на гласачи пред референдумот од страна на премиерот Зоран Заев е во рацете на кумановското обвинителство, јавува порталот tocka.com.mk.
Како што информираше јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, три пријави биле поднесени до скопското обвинителство, а потоа се препратени до Обвинителството во Куманово и по нив се постапува за проверка на наводите од кривичната пријава.