Вчера во 15.15 часот на Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од А.И. (59) од село Чегране, гостиварско, а со место на живеење во Република Србија, било констатирано дека возилото е фалсификувано, односно дека има вградено делови од украдени возила во Република Чешка и Италија, како и фалсификуван ВИН број.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возилото со потврда за привремено одземени предмети било одземено.