Чистач вработен на Меѓународниот аеродром „Инчон“, во истоимениот јужнокорејски град, во една канта за отпадоци пронашол вистинско мало богатство и тоа во златни плочи.
Седум златни плочи вредни 330.000 долари биле во кантите од кои чистачот го празнел сметот. Плочите тешки по еден килограм биле завиткани во весници.
Првобитно се мислело дека пронаоѓачот ќе добие дел од вкупната вредност на она што го открил. Од управата на аеродромот соопштиле дека чистачот нема да може да го добие својот процент со оглед дека златото го пронашол во текот на смената, а проноаѓањето на изгубени работи е една од активностите кои се во описот на неговата работа, пишува ВВС.
САМО ВО РУСИЈА: Од авион на писта испаднале 3 тони злато (ФОТО)