Шпански рапер заработи затвор поради повикување на тероризам

Сподели со своите пријатели

Рапер од шпанскиот остров Мајорка е осуден на три и пол години затвор поради своите песни, во кои го воспева тероризмот, се заканува, ја навредува шпанската круна и повикува на смрт за политичари, јави ДПА.

Врховниот суд во Мадрид ја потврди пресудата за 24-годишниот Хосеп Микел Аренас, кој настапува под псевдонимот „Валтоник”.

Во неговите текстови, тој повикува на вооружена окупација на Дворецот во Палма де Мајорка, каде што шпанското кралско семејство и нивните  вработени го минуваат летниот одмор и вели дека некои политичари, односно „свињите“, како што тој ги нарекува, „заслужуваат атомска бомба”.

Аренас во жалбата се брани со правото на „уметничка слобода“ и слобода на изразувањето. /МИА

Leave a Reply