Гита му се заканува и на Нов Зеланд

Сподели со своите пријатели

Три области на Нов Зеланд прогласија вонредна состојба поради циклонот Гита кој се доближува до земјата.

Гита до пред кусо време беше во категоријата тропски циклон и иако сега ослабе, но и понатаму се очекува да предизвика штета на Нов Зеланд. Затворени се десетици училишта, а Јужниот остров се подготвува за силни ветрови кои би можеле да достигнат брзина и до 150 километри на час.

Националната авиокомпанија ги откажа сите планирани летови од и до главниот град, а локалните жители се известени да очекуваат силен ветер.

Гита минатата недела предизвика сериозна штета во Тонго и на Фиџи. /МИА

Leave a Reply