Сподели со своите пријателиАвстрискиот скијач Марсел Хиршер триумфираше на трката во велеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Тој до златниот медал стигна за време од две минути, 18 секунди и четири стотинки. Втор трката ја заврши Хенрик Кристоферсен од Норвешка, додека третопласиран беше Французинот Алекси Пинтуро. Ова е второ злато за Хиршер на игрите во Пјонгчанг, откако претходно победи и во алпска комбинација. /МИА 2018-02-18