Утринава во земјава преовладува претежно облачно и постудено време, особено на планините и повисоките места. Има слаб локален снег во Пелагонија, а на другите места врнежите престанаа. На некои повисоки места и планините во западните делови има ниска облачност и намалена видливост која изнесува до 50 метри. Дува слаб ветер од променлив правец, особено изразен на повисоките местаи планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот ќе имаме умерено облачно, во западните делови претежно облачно и со слаб ветер од променлив правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 11 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено облачно време со заматеност во атмосферата. Максималната дневна температура ќе изнесува 6 степени целзиусови. Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од снег и температура 2 степени под нулата.
Времето утре ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуогоисточен правец.
Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат утре попладне и во среда. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови на земјава (локално над 30 литри/м2).Утре на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот и ноќта како и во среда претпладне, снежната граница ќе се спушти и пониско. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми а на повисоките места ќе се формира помала снежна покривка. Во среда попладне врнежите ќе престануваат.