Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го повика претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин на самит во Пјонгјанг, соопшти Сеул.
Повикот го пренела сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Јо Џонг, а наведено е дека Ким Џонг Ун е подготвен да се сретне со лидерот на Јужна Кореја што побргу, рекол портпаролот на јужнокорејскиот претседател.
Сестрата на севернокорејскиот лидер вчера пристигна во Јужна Кореја на свеченото отварање на Зимските олимписки игри, како прва од владечајката династија од северот која последен пат во посета на Јужна Кореја била кон крајот на Корејската војна во 1953. година.
Loading...
Најавениот самит на двете Кореи би бил трет таков состанок, наведува агенцијата Франц прес, додавајќи дека претходните два се одржани во Пјонгјанг во 2000. и во 2007. година.
Портпаролот рекол дека претседателот на Јужна Кореја рекол дека Сеул и Пјонгјанг треба да продолжат да работат на создавање услови за одржување на самитот и повикал на што побрзо продолжување на дијалогот помеѓу САД и Јужна Кореја, пренесува агенцијата АП.
Ден претходно, претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин и номиналниот севернокорејски шеф на државата Ким Јонг Нам се сретнале се ракувале пред церемонијата за отварање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Претседателите на ривалските земји се насмевнале додека се ракувале во опуштена атмосфера.