Skip to content

Грешните сфаќања за јогата

Сподели со своите пријатели

Иако јогата е древен систем од физички, ментални и духовни практики, само од пред неколку години таа стана популарна и широко распространета низ целиот свет. Всушност, може да се каже дека во моментов е “модерно” да одиш на јога, бидејќи многу светски познати личности ја практикуваат.

Многу луѓе не ја разбираат целосно филозофијата на јогата, што доведува до циркулација на различни грешни сфаќања за оваа тема. Еве некои од најчестите лажни тврдења за јогата:

Јога значи да можеш да правиш “кул пози”

Всушност јогата во никој случај не претставува само сложени пози кои бараат физичка издржливост. Или барем не на начинот на кој си замислувате. Позите ќе ви помогнат да ја најдете тенката граница помеѓу леснотијата и напорите.

Мора да бидете флексибилни, за да практикувате јога

Тоа е едно од најчестите погрешни сфаќања на оваа тема и токму овој мит одбил многу лица од јогата. Но, вистината е таква: јогата не бара флексибилност, бидејќи ако сте упорни, ќе ја стекнете. Физичките и психичките практики ви помагаат да се здобие еден поинаков и задоволувачки пристап кон животот.

Јогата е религија или култ

Да, јогата е духовна пракса, но таа може да се комбинира со сегашните верски убедувања или со недостаток на такви – во случај дека сте атеисти. Јогата не бара од вас да ја смените религијата или пак да станете многу големи верници.

Треба да бидете слаби за да тренирате јога

Тоа воопшто не е точно и сите луѓе, без разлика на  нивните килограми, може да имаат корист од позитивниот ефект на практикувањето јога.

Ќе станете дел од хипиците на 21-от век

Јогата не бара да мислите само за мир и љубов на начинот на кој тие мислат. Освен тоа не сте обврзани да станувате вегетаријанци – тоа е ваш личен избор и повеќето луѓе се откажуваат од месото, бидејќи во даден момент се чувствуваат дека тоа е вистинското решение за нив. Јогата не бара и да купувате чудна бохо облека. Ништо од животот нема да ви се промени, освен ако тоа вие не го сакате.

Leave a Reply

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.