Вселената мириса на автомобилски трки, тоа е комбинација од топол метал, гасови од согорување на дизел и чад од скара, а изворот на таквиот мирис се ѕвездите кои умираат, наведуваат научниците.
Пропратен производ на гаснењето на ѕвездите се спејот на непријатен мирис – полициклични ароматични јаглеводороди.
Овие молекули се низ целата вселена, вели Луис Аламондол, основач и директор на Лабораторијта за астрофизика и астрохемија во истражувачкиот центар на НАСА, „Амес“.
Драма во руската Вселенска агенција: Изгубен контакт со сателитот
Магазинот „Популарна наука“ наведува дека јаглеводорите се наведени и како можна основа за најраните форми на живот на Земјата.
Полицикличните ароматични јаглеводороди може да се најдат во јаглен, нафта, па дури и во храната.
Иако луѓето не можат да ја вдишат вселената за да го почувствуваат нејзиниот чист мири (се работи за вакуум), кога астронаутите излегуваат од Меѓународната вселенска станица на прошетка овиечестички паѓаат на нивните одела на кои се задржуваат.
Астронаутите по вселенските прошетки пријавиле мирис на прегорено или препржено месо.
НАСА објави ретка снимка од најбрзиот авион што некогаш постоел (видео)