Косовското Министерство за правда преку Еулекс доставило одговор до Министерството за правда на Србија во кое обвинителството во Косовска Митровица изразува подготвеност да ги пружи сите податоци со кои ќе располага на Обвинителството за организиран криминал, за да на координиран начин се спроведе истрага за убиството на Оливер Иванович и што побрзо да се откријат сторителите.
Во одговор се наведува дека извештајот од местото на вудот, како и останатите собрани докази, итно ќе бидат доставени во Белград откако истите ќе бидат составени, соопштиле од Министерството за правда на Србија.
Покрај тоа, Обвинителството за организиран криминал упатило барање за правна соработка по повод пружањето информации во врска со запаленото возило кое го открила истражната единица на Основното обвинителство во Митровица.
Министерството за правда наведеното барање го проследило до српското, кое го потврдило приемот.