Само ден по убиството на Оливер Ивановиќ, еден косовски портал објави дека уште еден српски политичар во јужниот дел на српската покраина е во животна опасност.
Како што пишува порталот Indeksonline, нивниот извор од косовските разузнавачки кругови им јавил дека животот на Братислав Николиќ е во голема опасност, наведува Espreso.rs.
За заканите, за кои порталот вели дека се сериозни, запознаена е и Косовската разузнавачка служба.
Loading...
Николиќ инаку е градоначалник на Штрпец од јануари 2010. година. Политичката кариера од СПС преку Спрската либерална партија го носи до СНС.
На пошироката јавност Никоиќ е особено познат по колективното зачленување на граѓаните на Штрпец во СНС, кога во септември 2015. година околу 3.000 жители на таа ооштина се зачлениле во оваа партија.