Најава за прекини на струја денеска и утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Прекини на електричната мрежа се планирани за денеска на две локации во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел локалитетот „Пчински пат“, како и населбата Железничка станица.

Утре во период од 08:00 до 15:00 најавени прекини има за дел од улиците „Ангел Дуцо“ и „6-ти Април“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.