Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по лансирањето на последната балистичка ракета, која наводно може да погоди било кој дел од Америка, изјави дека неговата земја е нуклеарна сила и така повторно го впери прстот во окото на Доналд Трамп и САД.
Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Х. Р. Мекмастер изјавил дека Северна Кореја е најголема непосредна опасност за САД и додава дека шансите за нуклеарна војна со таа земја растат од ден на ден.
СВЕТОТ ВО СТРАВ: Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета
Се поставува прашањето дали САД со превентивен напад може да ја спречи Северна Кореја да ги лансира ракетите? Ова е тешко иводливо, затоа што Северна Кореја е планинска земја и своите нуклеарни објекти ги сокрил ширум територијата. Воедно ова е многу ризично, затоа што неуспехот би значел изложување на пасност од нуклеарни напади на граѓаните на Јужна Кореја и Јапонија.
https://youtu.be/jdDXvQV6wIw
– Било каков напад на САД, па дури и мал и ограничен, за Ким Џонг Ун би значел само едно – почеток на војна. САД бо случај да сака да ја нападне ќе мора да сигнализираат дека нема да користат нуклеарно оружје. Но, прашање е колку Корејците ќе веруваат, вели аналитичарот Џафри Левис.
Тој додава дека Америка некако би морала да сигнализира на Северна Кореја и Кина, која им е главен сојузник дека нападот е ограничен и дека не намераваат употреба на нуклеарно оружје.
Девојка која избегала од Северна Кореја сведочи за погубувања и сексуалните робинки на Ким Џонг Ун