Пајак искасал цело семејство: Жената два пати оперирала нога, мажот замалку ќе останал без тестиси, а синот без рака (фото)

Сподели со своите пријатели

Лорен Боди од Беркшир завршила во болница, каде два пати била оперирана поради тоа што ја каснал пајак додека седела на вц школката. Отогаш, нејзиното семејство е преплашено. Пајакот предизвикал хаос во нивниот дом, затоа што го каснал и нејзиниот син и поранешното момче. На двајцата има била потребна лекарска помош.

Лорен забележала црвена точка на ногата додека била во бањата. Следниот ден тоа место било отечено, а оваа 27-годишна мајка на четири деца била во агонија. Лекарите ја вратиле дома претходно снабдувајќи ја со антибиотици. Состојбата се влошила, па по два дена повторно била во болница, овој пат лекарите сфатиле дека мора на операција, пишува „Дејли мејл“.

 

Loading...

 

Нејзиното поранешно момче Лук (25) се грижел за не аи нејзините четири деца додека таа била во болница. Тој морал исто така да заврши таму затоа што пајакот го каснал за тестисите, додека нејзиниот петгодишен син завршил во Здравствениот дом поради оток на раката.

Лорен рекла дека пајакот предизвикал толку проблеми, па сега ги убива сите пајаци на кои ќе наиде.

Ме преплашуваат. Загрижена сум дека би можеле да се вратат. Никогаш не би помислила дека тоа може да се случи. Во болницата постојано ме прашуваа дали сум била во странство – раскажува Лорен.

Кога се вратила дома направила генерално чистење на куќата и мислела дека пајаците ги истребила, но набргу и требала уште една операција затоа што повторно ја каснал пајак. Овој пат на грбот. За време на втората операција, лекарите морале да отстранат дел од нејзината тетоважа за да полесно работат на 7 сантиметри длабоката рана.

На крајот дошло до средба очи в очи со нејзиниот осумножен непријател, додека се играла со своите деца. Го заробила пајакот под чаша, но во страв дека децата случајно би можеле да ја расипат, паукот го усмртила со папуча.