Од салати преминав на шницли, ослабнав цели 60 килограми (фото)

Сподели со своите пријатели

Алекса Фирс сведочи дека ослбнала 64 килограми и тоа не на „диета“ од шницла, сланина и пржено сирење. Од конфекциски број 52 спаднала на 40, а нејзината трансформација и натаму трае.

Имав 145 килограми, а облека морав да купувам во специјални продавници. Денес не можам да го препознам својот изглед во огледало, но сепак е најголема промена во мојата самодоверба. Сега гордо чекорам по улица и не се плашам од ништо – вели Алекса од Велика Британија.

https://www.instagram.com/p/BXQ_xtKFqSx/

Loading...

 

Признава и дека од седмата година е на диети, но и кога и да успеала да ги намали килограмите, бргу ќе се вратат.

На училиште никој не сакаше да се дружи со мене и така ми помина и основното и средното образование. Тогаш започнав да се повлекувам во себе, а потоа во дваесетите години од животот пристигнаа и стресот и нова работа, факултет и станав зависна од храна. Секој ден јадев по 3.000 калории. Иронијата беше во тоа што стануваше збор обично за здрави оброци, но преобини. Секако, тука имаше и слатки и слани грцки, но претежно се хранев здраво – рекла Алекс.

https://www.instagram.com/p/BXihLSLl2jU/

Тогаш во јули минатата година слушнала за кетоген диетата и решила да ја испроба.

Кето диетата е заснована на поголемо вмесување масти, а со слабо внесување на јаглехидрати. Тоа и се допаднало и тргнала со тој режим.

Како килограмите одминувале, така чувствувала се поголема мотивација и по неколку месеци започнала и со физичка активност.

Денеска покрај овој режим на исхрана таа трча околу 3,5 километри еднаш неделно, а два пати неделно дига тегови.

Овој стил на живот ми се доапаѓа и не планирам да го менувам. Ми се допаѓа да подготвувам храна дома и сега со задоволство го јадам тоа, отколку во рестораните – заклучува таа.

https://www.instagram.com/p/BWssSlPlOjC/