Loading...
Млада Саудијка направила вистински хаос на интернет кога постафила фотографии на кои се гледа како шета по улицата во мини здолниште и кратка маица на едно место кај Ријад.
Девојката предизвикала сензација и ја подели јавноста. Сајтовите поврзани со Владата соопштиле дека службите во оваа конзервативна држава ги разгледуваат правните мерки против оваа жена, а на Твитер веќе се појави налог за нејзино приведување.
https://twitter.com/dndnma/status/886655425202069504?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F2881897%2Fsok-u-saudijskoj-arabiji-devojka-prosetala-u-minicu-izdat-nalog-za-njeno-hapsenje
Снимката, која првин се појавила на социјалната мрежа Снепчет, прикажува жена која шета низ празни историски градби во Ушајагер, село северно од Ријад. Во селото живеат најконзервативните саудиски племиња и семејства.
Жените во Саудиска Арабија во јавноста мора да носат долга и широка облека. Најголемиот број ги прекриваат косата и лицето со црн вел, иако од страна на властите се прават исклучоци.