Недвижноста која некогаш била во сопственост на колумбискиот наркобос Пабло Ескобар претворена е во луксузно сместување исполнето со уметнички дела.
Вилата е сместена на плажата во градот Тулум во Мексико. Сега е реновирана и претворена во хотел кој е во сопственост на компанијата „Lio Malca“ од Њујорк која се занимава со трговија со уметнички дела.
Откако Ескобар ја напуштил, недвижноста останала напуштена, се до 2012 година кога започнува постепено реновирање и во 2015 е отворена како готел со пет ѕвездички.
Вилата има девет соби, а се наоѓа на чекор од плажата со бел песок. Внатрешноста е уште поинтересна, се од вратата внимание веднаш привлекуваат персиските теписи.
Во лобито се слики, скулптури и мебел од најценетите уметници и дизајнери, а интересно е што распоредот на уметничките дела во хотелот често се менува за да гостите уживаат во различни дела.
Спиралните скалила водат до кровот, а таму се наоѓа бар каде се оргранизираат разни настани, додека кулата нуди поглед на тропскиот пејсаж. Стаклените врата ја делат куќата од плажата, а ако гостите не сакаат капење во море, тука е и огромен базен.
Тулум инаку се наоѓа на карибското крајбрежје на мексиканскиот полуостров Јукатан. Оваа област последните години е во тренд и тука моментално се градат повеќе хотели.