Со Велика среда – почнуваат велигденските богослужби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Кумановско – осоговската епархија го објави редоследот на богослужбите на митрополитот Јосиф, кои започнуваат од утре /среда/, со чествувањето на Велика среда.

Loading...

Ова е распоредот за богослужби на Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф:

8 април (среда)
Велика среда
храм „Свети Никола“ – Куманово
8:30 часот – Преждеосвештена Литургија
9 април (четврток)
Велики четврток
храм „Свети Никола“ – Куманово
8:30 часот – Василиева Литургија
18 часот – 12 Страдални Евангелија
10 април (петок)
Велики петок
храм „Свети Димитриј“ – Крива Паланка
20 часот – Чин на погребение со статии
11 април (сабота)
Велика сабота
храм „Свети Никола“ – Куманово
8:30 часот – Василиева Литургија
12 април (Велигден)
Светло Христово Воскресение
храм „Свети Димитриј“ – Крива Паланка
23:30 часот – Служба на Воскресение Христово
храм „Свети Никола“ – Куманово
9:30 часот – Пасхална Голема Вечерна
13 април (понеделник)
Светол Понеделник
храм „Свети Никола“ – Куманово
8:30 часот – Божествена Литургија

Leave a Reply