Во оваа земја нема корупција, има бесплатно образование, а животниот век е 80 години

Сподели со своите пријатели

Најсреќната држава на светот, според извештајот на Обединетите нации е Норвешка. А на прво место ја сместија довербата на населението во владата, општетствената поддршка и долгиот живот.

За извештајот на најсреќните нации се анализираат неколку фактори, меѓу кои е и БДП, просечниот животен век и слобода. Според одговорите на своите жители, Норвешка е прва од 156 земји кои учествувале во анализата.

Просечниот животен век во Норвешка е 80 години, политичката корупција е ретка а БДП изнесува преку 56 500 евра по жител. Образованието е бесплатно, а оваа земја има и најголем процент на писменост на своите возрасни жители во светот.

Стратегијата и грижа за луѓето е видлива на секој чекор. Норвешка е една од државите најбогати со нафта, но и тука работите се одвиваат со светските трендови. Како што пишува Блумберг, Норвежаните одлучиле паметно и со доза да црпат нафта, а да заработат и инвестираат во иднината, наместо „еднократно“ да вложуваат во дневни, тековни проблеми, па така се извојува од останатите ресурси на богатите држави.

Се тоа е можно благодарение на вербата во политиката, меѓусебната доверба и заедничка цел, а за состојбата на свест на Норвежаните доволно говорат податоците дека донирале милијарда долари за спас на Амазон и дека контроверзиите околу границата со соседите Финци ги решиле така што за 100 годишница од независноста им подарија “планина“.