Во вторник според УХМР нè очекува свежо утро со пониски утрински температури кои ќе се движат во интервал од 4°C до 14°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност.
Попладне во југозападните делови се очекува зголемување на облачноста, а сосема мали услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во северозападните предели.
Ќе дува претежно слаб јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер.
Максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C. УВ индекс 8.
Во среда се очекува повторно нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и пад на дневните температури. Утринските од 6°C до 16°C а максималните дневни до 14°C односно до 24°C.
Дополнителен пад на дневната температура ќе има во четврток кога се очекува да преовладува претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Максималните температури ќе се движат од 12°C до 22°C.