Службата на итна медицинска помош во Куманово остана парализирана на нерасчистените патишта, комби возилата немаат ланци паркиран се во гаражите, а од две теренски лади ниви само една е функционална. Граѓаните да се јавуваат само за итни случаи, апелираат од итната служба , а во случај да има повредени , не се во можност да ги пренесат до болницата.
Службата на Итна медицинска помош во Куманово е немоќна да одговори на повиците. Велат дека немаат со што да излезат и да стигнат до граѓаните на кои им е неопходна помош. Патиштата се заледени и неисчистени, а комби возилата се паркирани во гаражите бидејќи за нив нема ланци, кои се задолжителна зимска опрема до 15 март .
Вработените во брзата помош се во безизлезна ситуација, имаат две теренски возила, лада нива од која едната е нефункционална.
Имаме четири теренски лади ниви , но две се користат од службата за домашна посета, а две се во итната помош, но една не можеме да ја стартуваме – информираат за Кумановски Муабети од службата .