Кумановец приведен оти ја прекршил забраната за приближување до поранешната сопруга

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера попладне поради непочитување на судско решение за недоближување кон поранешната сопруга.

– На 25.11.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(43) од Куманово. Тој не го почитувал Решението од Основен суд Куманово и ја навредувал поранешната сопруга со што ја прекршил забраната, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 27-годишен кумановец за издржување затворска казна од две години