Индиската влада бара од Netflix да не емитува пакистанска серија

Сподели со своите пријатели

Владата на индискиот премиер Нарендра Моди побара од глобалната платформа за стриминг Netflix да не ја емитува пакистанската серија „Сета љубов што ја носиме во нашите срца“ во Индија.

Барањето дојде откако едно од водечките здруженија на филмски работници во Индија побара од Моди да го забрани нејзиното прикажување, објави Ројтерс.

Првиот дел од првата серија на Netflix на урду јазик, „Сета љубов што ги носиме во нашите срца“, е закажан за глобално прикажување на 4 декември.

Здружението на филмски работници на Индија во писмо до Моди во вторник изјави дека побарало Индија да не дозволи емитување на пакистански серии во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран објави ново видео од „подземен ракетен град“: Дали не очекува уште една рунда воен пекол? (ВИДЕО)

Индиската новинска агенција ANI објави, повикувајќи се на владини извори, дека Netflix го информирал индиското Министерство за информации и радиодифузија во јуни 2025 година дека не направило никакви филмови или серии со потекло од Пакистан достапни за корисниците во Индија.

Индиската влада сега побара од Netflix да се придржува до тоа ветување, откако доби поплаки за можното емитување на новата серија во Индија, соопштија извори цитирани од ANI.

Со децении, Њу Делхи го обвинува Исламабад за помагање, поттикнување и организирање напади од страна на исламистички милитантни групи на индиска почва, вклучувајќи го и минатогодишниот напад врз хинду туристи во индискиот дел на Кашмир, во кој загинаа 26 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца Албанци уапсени за провала во домот на принцот Вилијам и Кејт, познато е што е украдено

Пакистан ги негира обвинувањата.

Индија е еден од клучните пазари за Netflix, со околу 20 милиони корисници, според податоците на HSBC, а бројот на млади корисници на платформата расте благодарение на сè подостапениот евтин интернет, пренесува Танјуг.