Авион се урна во САД, меѓу шесте загинати и две деца

Сподели со своите пријатели

Потрагата по патниците од авионот што се урна во Мексиканскиот Залив покрај брегот на Мисисипи заврши трагично, откако нуркачите ги пронајдоа телата на сите шест лица, вклучувајќи две момчиња.

Нуркачите ги пронајдоа нивните тела откако Цесна 210 се урна во Мексиканскиот Залив помеѓу Паскагула, Мисисипи и островот Хорн, кој е дел од Националниот парк Заливски Острови.

„Во авионот имаше четири возрасни лица и две момчиња, на возраст од осум и 10 години“, изјави портпаролот на крајбрежната стража, Хуан Рос, како што објави Telegraf.rs, денес, 25 ноември.

Службениците со часови ја бараа групата и првично пронајдоа само три елеци за спасување, сплав за спасување и кабината на авионот што пловеше по водата, според Рос.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Даваат бесплатна куќа и сигурна работа, но имаат еден важен услов: Место со 40 жители бара нови соседи!

Цесната беше на пат од Њу Орлеанс до Форт Мајерс, Флорида, според веб-страницата за следење на летови FlightAware.