Хакери упаднаа во системот на Министерството за земјоделство на САД

Сподели со своите пријатели

Хакери упаднаа во системот што Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави го користи за исплата на земјоделците, објави денес NBC News, повикувајќи се на двајца поранешни службеници на министерството запознаени со ова прашање.

Министерството ги информираше вработените за инцидентот во четврток, рекоа поранешни службеници.

Според досегашните сознанија, упадот е ограничен на базата на податоци за плаќања.

Но, поранешни службеници предупредуваат дека компромитираниот систем би можел да послужи како „задна врата“ за пристап до почувствителни информации, вклучително и податоци за безбедноста на храната и истражувањето на болести што се пренесуваат кај животните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најави вето на законите на демократите кога ќе го преземат Конгресот во 2027 година

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата упати прашања до Министерството за земјоделство на САД, кое не одговори на барањето за коментар.