Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес ја оцени како „луда“ идејата за членство на Украина во НАТО во замена за територии, која, според него, повторно се појавува во западните медиуми.
„Лудата идеја дека неонацистичка Украина се приклучува кон „реформираното“ НАТО во замена за враќање на преостанатите територии повторно циркулира во западните медиуми. Всушност, можноста Киев да се приклучи на Алијансата е една од причините за војната. А НАТО е блок непријателски настроен кон Русија. Нема што да се коментира“, рече Медведев, пренесува Спутник.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави претходно денес дека можноста Украина да се приклучи на НАТО е целосно неприфатлива за Москва.
„Дури и наоѓањето формула за „квазичленство“ на Украина во НАТО и барањето некакво „креативно решение“ во таа област е неприфатлива опција за нас“, рече Рјабков.

