Најмалку три лица загинаа во руски балистички ракетен напад врз три моста над реката Днепар во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Според Ројтерс, ова е најмоќниот напад врз патиштата што ги поврзуваат левиот и десниот брег на главниот град на Украина од почетокот на војната.
Ракети го погодија преминот Подилско-Воскресенски, како и мостовите Дарнички и Јужен мост, напиша Кличко на Телеграм.
Тој потврди дека три лица загинале, а околу 15 се повредени.
Службениците, исто така, соопштија дека пет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз станбени згради во регионот Дњепропетровск, а четири лица се ранети во Харков, вториот по големина град во Украина, кога руски беспилотни летала погодија болница.
Едно лице е рането во напад со беспилотно летало врз трамвај во Запорожје, објавија локалните власти на Телеграм

