Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен ќе ги одмерат силите со Пелистер во Битола, во рамки на домашната кошаркарска Суперлига.
Избраниците на тренерот Марин Докузовски влегуваат како фаворит во мечот, со ветар во грб по повеќе од успешната победа врз Струмица, но Пелистер нема да се предаде лесно, а ќе ја има и поддршката од домашната публика.
Од досега одиграните натпревари Куманово има четири победи и три порази со што ја држи третата позиција во табелата, додека Пелистер со две побед и пет порази е на осмата.
Утрешната средба се игра во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 19:30 часот.
Никола Ивановски

