Средношколците од Куманово дискутираа за романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска

Сподели со своите пријатели

Различни толкувања, критички размислувања и отворени разговори за книжевното дело „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска беа во фокусот на најновата активност на библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово.

Во рамки на проектот „Читаме македонски современи автори“, библиотеката реализираше работилница посветена на романот „Три Марии“, на која учествуваа и средношколци од Гимназијата „Гоце Делчев“.

 

 

Учесниците претходно присуствувале и на промоцијата на книгата во Центарот за култура, а на работилницата ги споделиле своите впечатоци, размислувања и толкувања за трите главни ликови.

Делото отвори различни перспективи и предизвика интересна дискусија меѓу младите читатели. Додека за едни најблиска била втората Марија, други се пронашле во третата, а посебно внимание привлекол и начинот на кој е претставен првиот дел од романот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја неколку локации во Куманово

 

 

Средношколците изнеле и критички забелешки за постапките на сите три лика, што дополнително ја збогатило дискусијата.

Од библиотеката посочуваат дека токму различните ставови, емоции и толкувања ја покажуваат вредноста на книжевноста, која не бара од сите читатели да го доживеат делото на ист начин, туку ги поттикнува да размислуваат подлабоко, да поставуваат прашања и да разменуваат мислења.

 

 

Проектот „Читаме македонски современи автори“ има за цел да ја развива критичката мисла кај младите и да отвора нови хоризонти преку запознавање со современата македонска книжевност.

Активноста се реализира со финансиска поддршка за културни манифестации, предвидена во Програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 39-годишен кумановец, крадел од деловни објекти

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски