Денеска и утре без струја неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 13:00 до 14:45 часот прекини ќе има на улиците „Димитар Туцовиќ“, „Пробиштипска“, „Киро Фетак“, „Трст“, „Шарпланинска“, „Вардарска“ и „Борис Кидриќ“.

Прекини денеска ќе има и во селото Стрезовце во период од 09:00 до 15:00 часот.

Утре во период од 07:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од булеварот „Октомвриска револуција“, како и дел од улицата „Доне Божинов, поточно комплексот кај поранешна Печатница.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Превентивна кампања во Куманово за задолжителна зимска опрема во возилата (ФОТО)

Никола Ивановски