Најмалку 46 лица се повредени денес во судир на два патнички воза во близина на главната железничка станица во Прага, од кои четворица се хоспитализирани во тешка состојба.
Како што објави Радио Прага, 12 лица се тешко повредени, а околу 30 од нив добиле полесни повреди.
Сите патници од двата воза се евакуирани во меѓувреме.
Министерот за транспорт на Чешка, Иван Беднарик, го опиша судирот како многу сериозен инцидент, нагласувајќи дека лекувањето на повредените е непосреден приоритет.
Железничкиот сообраќај на таа линија е прекинат, додека возовите на долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, објави Управата за чешки железници.
Се очекува прекинот да трае неколку часа и да влијае на десетици заминувања.
„Чешки железници“ објави дека ќе им исплати отштета на патниците од двата воза за телесни повреди и материјална штета предизвикана од несреќата.
Všechny složky IZS zasahují u srážky dvou vlaků u Hlavního nádraží na přemostění se Seifertovou ulicí v Praze 3. Na místě je několik zraněných osob. https://t.co/33NUSn7zjI
— Policie ČR (@PolicieCZ) November 17, 2026

