НЕВЕРОЈАТНО: Огромен камен падна врз кинески автомобил, тој продолжи да вози (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатно видео пристигнува од Кина, поточно од тамошната покраина Сечуан, каде што е снимена сцена што остава без зборови.

Камерата во возилото го снимила моментот кога огромен камен паднал од падината врз автомобилот, и вистинско чудо е што тој продолжил да вози после тоа и никој не е повреден.

Задниот прозорец се скршил откако бил погоден од камен, кој потоа се одбил од возилото и завршил на патот.

Неколку секунди подоцна, возачот продолжил да вози и навистина е среќа како сето тоа завршило вака.

Во коментарите, многумина пишуваат дека ова видео е најдобрата реклама за кинеските автомобили, за кои долго време се шпекулира дека се со „лош квалитет“ во споредба со западните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ПРАГА: Најмалку 46 лица повредени, четворица во тешка состојба (ВИДЕО)