Кривична за кумановка, ги присилувала малолетните деца да работат и питачат

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишна кумановка доби кривична пријава под сомнение дека ги присилувала малолетните деца да работат и питачат.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавената, запоставувајќи ја својата родителска должност за грижа и воспитување, ги присилувала на работа нејзините две малолетни деца, што не одговара на нивната возраст и физичка сила и воедно ги наведувала на питачење.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од кумановско денеска и утре без струја