По повод одбележувањето на 507 години од постоењето на Куманово и 82 години од неговото ослободување, во салата на Општина Куманово се одржа празничен прием на кој присуствуваа поранешни градоначалници и претседатели на Советот на Општината, како и претставници на државни институции и здруженија на граѓани.

Меѓу присутните беа претставници на Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија (1941–1945), Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС, СВР Куманово и Територијалната противпожарна единица Куманово.

На приемот биле разменети искуства поврзани со досегашниот развој на Општината, а биле споделени и идеи за нови иницијативи и идни проекти насочени кон натамошен напредок на градот и подобрување на условите за живот на кумановци.











Никола Ивановски

